Бројот на лицата заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 81 илјада

Бројот на лицата кај кои е регистриран нов тип коронавирус (Ковид-19) во приближно 40 земји во светот изнесува над 81 илјада

1366944
Бројот на лицата заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 81 илјада
corona.jpg
Coronavirüs Dünya14.jpg
Coronavirüs Dünya04.jpg
Coronavirüs Dünya02.jpg
Coronavirüs Dünya11.jpg
Coronavirüs Dünya01.jpg

Бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус „Ковид-19“ којшто се појави во градот Вухан во кинеската провинција Хубеј, а потоа почна брзо да се шири низ светот досега изнесува над 81 илјада лица. 

Вирусот за прв пат е регистриран и во Бразил, а е утврден и кај еден војник на вооружените сили на САД распоредени во Јужна Кореја.

Според веста на јужнокорејската новинска агенција "Yonhap", кај еден американски војник на задача во касарната "Camp Carroll" на југот на земјата е евидентиран Ковид-19.

Во објавеното соопштение од Силите на САД во Кореја (USFK) се истакнува дека 23-годишниот војник е ставен во карантин во својот дом надвор од касарната.

Инаку, од појавата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега животот го загубија вкупно 2.762 лица. 

Во континентална Кина починаа 2.715, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 2, Иран 19, Јужна Кореја 11, во Италија 12, Јапонија 5 лица, во Франција 2 лица и по едно лице во Тајван и Филипините.

Во континентална Кина коронавирусот е утврден кај 78.064 лица, во Специјалната Административна област Хонгконг кај 85, додека во Специјалната Административна област Макао се регистрирани 10 случаи.

Во Тајван е откриен  „Ковид-19“ кај 31 лице.

Според вестите добиени од овластените здравствени установи и локалните медиуми на земјите за кои е известено дека се регистрирани случаи на зараза од нов тип коронавирус, бројот на случаи е вака:

Јужна Кореја 1.146, Јапонија 861, Италија 323, Иран 95, Сингапур 91, САД 57, Тајланд 40, Австралија 23, Бахреин 23, Малезија 22, Германија 17, Виетнам 16, Франција 14, Англија 13, Обединети Арапски Емирати 13, Канада 11, Кувајт 25, Шпанија 8, Ирак 5, Индија 3, Филипини 3, Русија 2, Израел 2, Оман 2, Австрија 2, Хрватска 1, Алжир 1, Непал 1, Шри Ланка 1, Камбоџа 1, Белгија 1, Шведска 1 , Швајцарија 1, Финска 1, Египет 1, Либан 1, Авганистан 1, Бразил 1 и Грција 1.



Слични вести