Сараџ побара од Гутерес ембаргото на оружје освен од море, да се применува и од копно и воздух

Премиерот на Либија Фајез ал Сараџ на остварената средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во Женева истакна дека ембаргото на оружје не треба да остане ограничено само со морето и дека треба да се заокружи со ембарго и од копно и воздух

1365821
Сараџ побара од Гутерес ембаргото на оружје освен од море, да се применува и од копно и воздух

Премиерот на Владата на национално единство која инаку располага и со меѓународен легитимитет кај Обединетите нации (ОН) Фајез ал Сараџ истакна дека ембаргото на оружје не треба да остане ограничено само со морето и дека треба да се заокружи со ембарго и од копно и воздух.

Според објавеното писмено соопштение од владината канцеларија, Сараџ во швајцарскиот град Женева се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

На средбата беше разговарано за случувањата во Либија, зацврстувањето на резултатите од Берлинската конференција од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), прекинувањето на непријателските напади, заштитата на цивилите и прекршувањата во врска со резолуцијата број 2510 со која што е опфатено ембаргото на оружје на Либија. 

Притоа, премиерот на Владата на национално единство на Либија Мухамед Фајез ал Сараџ на средбата со  генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, повика ембаргото на оружје да се применува од воздух, копно и море, а не само од море.

Инаку, Сараџ во говорот што го одржа на 43-тата седница на Советот за човекови права на Обединетите нации што се одржа вчера во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева истакна дека треба да се побара сметка од оние кои реализираат напади врз главниот град Триполи и земјите кои ги поддржуваат напаѓачите.

Појаснувајќи дека поради нападите врз градовите освен либискиот народ претрпуваат шета и странците и дека се бомбардираат дури и болниците и училиштата и дека има застои во образованието, Мухамед Фајез ал Сараџ рече: „Одговорни за сето тоа се напаѓачите. Треба да се побара сметка од оние кои ги поддржуваат овие напаѓачи и од земјите кои им доставуваат помош во оружје.“



Слични вести