Расте билансот на смртните случаи од коронавирусот во Кина

Досегашниот вкупен број на смртни случаи изнесува 2655 од кои 2 во специјалниот автономен регион Хонг Конг

1365660
Расте билансот на смртните случаи од коронавирусот во Кина

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2 665 лица.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Националната здравствена комисија, бројот на смртните случаи во последните 24 часа изнесува 71 лице, додека бројот на новите заразени пациенти од Ковид-19 изнесува 508 лица.

Досегашниот вкупен број на смртни случаи изнесува 2655 од кои 2 во специјалниот автономен регион Хонг Конг. Вкупниот број на заразени изнесува 77 658 пациенти.

Официјалните кинески власти соопштија дека поради епидемијата од Ковид-19 беа одложени годишните собраниски состаноци на највисокото законодавно тело на Кина, Националното народно собрание и највисокото советодавно тело Народна конференција за политички консалтинг на Кина.

Во меѓувреме, Постојаниот комитет при Националното народно собрание на Кина соопшти дека целосно се забранува трговија и потрошувачка на диви животни.



Слични вести