Повик од Џевад Зариф за регионална соработка против коронавирусот

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф на својот профил на социјалната мрежа Твитер повика на регионална соработка за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој во неговата земја станува причина за смртни случаи

1366332
Повик од Џевад Зариф за регионална соработка против коронавирусот

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој во неговата земја станува причина за смртни случаи, упати повик за регионална соработка.

Зариф во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Исто како и сите други вируси, вклучувајќи го и тероризмот, и Ковид-19 не признава граници, не прави етничка или верска разлика. За борба против него и ние не треба да правиме никаква разлика.“

Џевад Зариф во својата порака укажа на „Ормутската мировна иницијатива (HOPE)“ којашто ја достави Иран за регионална соработка и го истакна следното: „Иран, упатува повик за регионална соработка во правец на HOPE, вклучувајќи го и Центарот за контрола и спречување на болести.“ 

Инаку, бројот на смртните случаи поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 16 лица, а бројот на утврдени случаи на зараза на 97 лица.

Од смртоносниот вирус Ковид-19 којшто се појави на 12 декември 2019 година во градот Вухан во провинцијата Хубеј, во Кина, досега се заразени повеќе од 80 илјади лица низ светот.

Бројот на починатите од епидемијата пак, досега изнесува над 2.700 лица.



Слични вести