Почина соборениот поранешен египетски претседател Хосни Мубарак

Според веста на египетската државна телевизија, почина соборениот поранешен претседател на Египет Хосни Мубарак (92) кој извесно време се сочуваше со здравствени проблеми

1366118
Почина соборениот поранешен египетски претседател Хосни Мубарак

Соборениот поранешен претседател на Египет Хосни Мубарак почина на 92-годишна возраст.

Според веста на египетската државна телевизија, почина Хосни Мубарак (92) кој извесно време се сочуваше со здравствени проблеми.

Синот на Хосни Мубарак, Ала, пред извесно време соопшти дека неговиот татко поради влошување на здравјето се наоѓа на интензивна нега.

Хосни Мубарак е роден на 4 мај 1928 година.

Мубарак стана претседател на Египет во 1981 година, откако тогашниот претседател Енвер Седат беше убиен во атентат.

По народните демонстрации до коишто дојде во периодот наречен „Арапска пролет“ во февруари 2011 година Хосни Мубарак поднесе оставка и претседателската функција му ја предаде на неговиот тогашен заменик Омер Сулејман.



Слични вести