Бројот на смртните случаи во Иран од Ковид-19 се зголеми на 16 лица

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран смртта на уште 4 лица од 12 се зголеми на 16 лица

1365919
Бројот на смртните случаи во Иран од Ковид-19 се зголеми на 16 лица
iran kovid korona.jpg
corona iran.jpg
iran saglık bakanı yardımcısı corona.jpg

Во Иран поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија уште 4 лица со што бројот на смртните случаи досега од 12 се зголеми на вкупно 16 лица.

Според веста на интернет страницата „Aftabnews“, во провинцијата Маркази во централниот дел на Иран од Ковид-19 животот го загубија 2 лица.

Деканот на Медицинскиот факултет во провинцијата Маркази Абас Никруш истакна дека двете лица кои починаа од Ковид-19 во централниот град на провинцијата Саве биле болни жени на 82 и 87 годишна возраст со заболени бубрези и срце.

Од друга страна, според полуофицијалната студентска новинска агенција „ИСНА“, заменик деканот на Медицинскиот факултет на Универзитетот Елборз Сејид Хусејин Инанлу изјави дека во провинцијата Елборз починало едно од трите лица кај кои е утврден нов тип коронавирус (Ковид-19).

Инанлу, му препорача на народот да не излегува од своите домови без да имаат поголема потреба од тоа.

Заменик деканот на Медицинскиот факултет Хемедан Менучехр Керими пак, во дадената изјава за иранската официјална новинска агенција „ИРНА“ го рече следното: „Првиот случај на коронавирус во провинцијата Хамадан е утврден во среда. Едниот од заболените почина.“

Во меѓувреме, иранскиот заменик министер за здравство Иреч Херирчи соопшти дека и кај него е утврден коронавирус.

Пратеникот Махмуд Садики исто така во споделената објава на својот профил на Твитер напиша дека и кај него бил утврден новиот тип на коронавирус.

На тој начин, бројот на утврдени случаи на нов тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 97.

Иранскиот министер за здравство Саид Немеки го повика народот да не излегува на улица во 11 провинции, а како што рече за да не се биде принуден да се применува карантин.

Немеки посака да не се излегува на улица особено во градот Кум и да се сопрат влегувањата и излегувањата во и од овој град.



Слични вести