Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Иран се зголеми на 16 лица

Вкупниот број на инфицирани од новиот тип на коронавирусот во Иран се зголеми на 97 лица

1366297
Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Иран се зголеми на 16 лица

Како последица на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Иран умреа уште 4 лица. Вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 16.

Според веста на новинскиот веб сајт Афтабњус, во Централната провинција на Иран умреа 2 лица од вирусот Ковид-19.

Деканот на Централниот провинциски Медицински факултет Абас Никруш рече дека двете лица кои умреа од коронавирусот во градот Саве се две возрасни жени на 82 и 87 годишна возраст кои имаат нарушувања на срцето и бубрезите.

Од друга страна пак, според информацијата на полуофицијалната Иранска студентска новинска агенција (ИСНА), заменик деканот на Медицинскиот факултет на Универзитетот Елборз - Сејид Хусејин Инанли истакна дека умре еден од тројцата заразени пациенти од коронавирусот во провинцијата Елборз.

Инанли на граѓаните им порача да не излегуваат од домовите ако не е задолжително.

Менучер керими, заменик деканот на Медицинскиот факултет Хемедан во изјавата за официјалната Иранска новинска агенција ИРНА рече:

Во среда беше утврден првиот случај на заболување од коронавирусот во провинцијата Хемедан. Еден од инфицираните пациенти умре.

Во меѓувреме, заменик министерот за здравство Иреч Херирчи рече дека вирусот бил утврден и кај него лично.

Пратеникот Махмуд Садики во објавата преку профилот на твитер рече дека кај него бил утврден новиот тип на коронавирусот.

На тој начин вкупниот број на инфицирани од новиот тип на коронавирусот во Иран се зголеми на 97 лица.

Иранскиот министер за здравство Саид Немеки упати повик до граѓаните на 11 провинции каде што беа утврдени случаи на заболување од коронавирусот, да не излегуваат од домовите доколку не сакаат да бидат земени под карантин.

Немеки особено ги предупреди граѓаните на Кум да не излегуваат на улиците и достави барање да се забрани влезот и излезот од овој град.



Слични вести