ЕУ одобри 230 милиони евра помош за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус

Комесарот на Европската Унија (ЕУ) за управување со кризи Јанез Ленарчиќ на одржаната прес конференција во главниот град на Белгија, Брисел, истакна дека ЕУ го одобри пакетот со помош во износ од 230 милиони евра за борба против новиот тип коронавирус

1365316
ЕУ одобри 230 милиони евра помош за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус

Европската унија (ЕУ) го одобри пакетот помош во износ од 230 милиони евра за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Комесарот на Европската Унија (ЕУ) за управување со кризи Јанез Ленарчиќ на одржаната прес конференција во главниот град на Белгија, Брисел, истакна дека Ковид-19 се прошири во 29 земји и стана причина за смртта на приближно 2.600 лица, а воедно привлече внимание дека земјите членки на Унијата треба да делуваат координирано и во единство.

Ленарчиќ информира дека ЕУ го одобри пакетот помош во износ од 230 милиони евра за борба против коронавирусот.

Велејќи дека еден дел од помошта ќе и се додели на Светската здравствена организација (СЗО), Ленарчиќ појасни дека еден дел ќе им бидат доделени и на земјите членки за истражувањата коишто ќе ги спроведаат членките.



Слични вести