Бројот на починатите од Ковид-19 во Иран се зголеми на 12, а 47 лица се заразени

Министерот за здравство на Иран Саид Немеки достави извешта до Парламентот според кој бројот на починатите поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 12, а бројот на лицата заразени од вирусот се искачи на 47

1365007
Бројот на починатите од Ковид-19 во Иран се зголеми на 12, а 47 лица се заразени

Бројот на починатите поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 12, а бројот на лицата заразени од вирусот се искачи на 47.

Според веста објавена од страна на иранската државна телевизија, министерот за здравство на Иран Саид Немеки достави извешај до Парламенотт во врска со случаите на Ковид-19 во земјата.

Во извештајот се истакнува дека бројот на жртвите од коронавирусот во земјата се зголеми на 12 лица, за бројот на потврдените случаи на заразени од висурот се искачи на 47.

Во меѓувреме, портпаролот на иранската влада Али Реби ги демантираше тврдењата околу тоа дека „во градот Кум поради Ковид-19 починале 50 лица“.

Според веста на информативниот портал „Mizanonline“ на иранското судство, Реби на одржаната прес конференција во главниот град Техеран рече: „Поради Ковид-19 вчера починаа уште 4 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 12 лица. Тврдењата околу тоа оти во градот Кум поради Ковид-19 починале 50 лица се лажни, не ја одразуваат вистината.“ 

Пратеникот од градот Кум во иранскиот Парламент Ахмет Емирабади застана во одбрана на тоа дека министерот за здравство го лаже народот и наведе дека само во градот Кум во последните 2 недели поради Ковид-19 животот го загубија 50 лица.



Слични вести