Бројот на починатите од коронавирусот во Италија се зголеми на 5 лица, а 219 се заразени

Италијанската новинска агенција „АНСА“ соопшти поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата животот го загубија уште 2 лица со што бројот на жртвите се зголеми на 5

1365514
Бројот на починатите од коронавирусот во Италија се зголеми на 5 лица, а 219 се заразени

Бројот на починатите поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Италија се зголеми на 5 лица.

Според веста објавена од страна на италијанската новинска агенција „АНСА“, поради епидемијата предизвикана од Ковид-19 во земјата животот го загубија уште 2 лица.

Гувернерот на Ломбардија Атилио Фонтана соопшти дека во градот Бергамо почина еден 84 годишен маж заболен од новиот тип коронавирус кој се наоѓал под лекарски надзор.

Претседателот на Агенцијата за цивилна одбрана Анџело Борели исто така соопшти дека еден заболен 88 годишен маж починал и во градот Каселе Лане.

На тој начин, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид) во Италија се зголеми на 5 лица, а 219 лица се заразени од смртоносниот вирус.

Поради епидемијата на Ковид-19 е откажан и Венецијанскиот карневал кој што привлекува десетици илјади туристи и кој се планираше да трае до утре.

 



Слични вести