Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди западниот дел на Иран во близина на границата со Турција

Земјотресот со јачина од 5,7 степени по Рихтер чиј епицентар се наоѓал во населеното место Котур во провинцијата Западен Азербејџан, во западниот дел Иран, бил почувствуван и во градот Ван и околината, во близина на границата со Турција

1364544
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди западниот дел на Иран во близина на границата со Турција

Во населеното место Котур во провинцијата Западен Азербејџан во западниот дел на Иран се случи земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер. 

Според  објавеното соопштение од Сеизмолошкиот центар на Техеранскиот универзитет, земјотресот  со јачина од 5,7 степени по Рихтер чиј епицентар се наоѓал во населеното место Котур во провинцијата Западен Азербејџан, во западниот дел Иран, во близина на границата со Турција се случи во 09:22 часот по локално време.

Како што се истакнува земјотресот се случил на длабочина од 6 километри под површината на земјата.

Земјотресот бил почуствуван и во градот Ван и неговата околина, во близина на границата со Иран.

Во селата во населеното место Башкале во близина на градот Ван, биле срушени некои куќи изградени од ќерпич.

 



Слични вести