Повик од Гутерес веднаш да се стави крај на кошмарот и спиралата на насилство во Идлиб

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик веднаш да се стави крај на кошмарот и спиралата на насилство и да се постигне прекин на огнот во подрачјето на Идлиб, во Сирија

1364207
Повик од Гутерес веднаш да се стави крај на кошмарот и спиралата на насилство во Идлиб

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик веднаш да се стави крај на кошмарот и спиралата на насилство и да се постигне прекин на огнот во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Гутерес во дадената изјава за новинарите во генералното седиштето на ОН истакна дека во северозападниот дел на Сирија кадешто поради судирите се раселени приближно 900 илјади луѓе децата умираат од студ и рече дека "систематски" се прекршува меѓународното хуманитарно право.

Велејќи дека во подрачјето приближно 2,8 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош, Гутерес упати повик за помош од 500 милиони долари за обезбедување на основните потреби за одржување во живот на луѓето кои се раселени од своите места во последните 6 месеци.

"Сириската влада, со поддршка и на воздушните напади на Русија, приближно една година како ги продолжува своите копнени напади. Овој месец дојде до судири помеѓу турските и сириските сили коишто резултираа со смртни случаи. Сето тоа, освен драматичното и постепеното влошување на човечката состојба, само по себе носи и сериозни ризици чии резултати не би можеле ниту да се претпостават." - рече генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

 



Слични вести