Билансот на жртвите од коронавирусот во Кина се зголеми на 2.347 лица

Комисијата за национално здравство на Кина соопшти дека бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2.347 лица

1364279
Билансот на жртвите од коронавирусот во Кина се зголеми на 2.347 лица

Бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2.347 лица.

Според објавеното соопштение од страна на Комисијата за национално здравство на Кина, во последните 24 часа се утврдени 397 нови случаи на зараза од вирусот Ковид-19 во земјата со што бројот на заразените се зголеми на 76.288 лица од кои здравствената состојба на 11.477 лица е сериозна.

Заедно со тоа, се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 109 лица, додека бројот на смртните случаи од Ковид-19 се искачи на 2.347 лица од кои двајца во Специјалната административна област Хонгконг, а останатите во Кина.

Бројот на лицата за кои постои сомневање дека се заразени од вирусот опадна на 5.365, а бројот на лицата кои се наоѓаат под лекарски надзор на 113.564, додека бројот на досега отпуштените лица од болница изнесува над 20 илјади.

Од друга страна, бројот на случаи на заразени од вирусот Ковид-19 надвор од континентална Кина, во Специјалната административна област Хонгконг се зголеми на 68, а во Специјалната административна област Макао на  има 10 заразени лица.



Слични вести