Во Иран започна гласањето за парламентарните избори

57 милиони 918 илјади ирански гласачи ќе гласаат во 55 илјади гласачки кутии во 208 изборни единици за 290 пратеници во Собранието

1363860
Во Иран започна гласањето за парламентарните избори

Гласањето за парламентарните избори во Иран започна во 07.30 часот според турско време во 55 илјади гласачки кутии.

57 милиони 918 илјади ирански гласачи ќе гласаат во 55 илјади гласачки кутии во 208 изборни единици за 290 пратеници во Собранието.

Гласањето ќе трае до 17.30 часот и во случај на потреба, изборниот центар рокот ќе може да го продолжи до 24.00 часот.

На денешните избори во Иран првпат ќе гласаат 2 милиони 931 илјади 716 лица, додека првите неофицијални резултати ќе почнат да се објавуваат од утре претпладне.

На изборите се кандидираа 16 илјади 33 лица од кои кандидатурата на 7 148 лица беше одобрена.

Според тоа, за секое пратеничко место во Собранието на Иран се натпреваруваат 24 кандидати.

Главниот град Техеран со 35 пратенички места е изборна единица која испраќа најмногу пратеници во СОбранието, додека општините Елбирз, Илам, Кум и Когилује-Бујер Ахмед по три пратеници.

На изборите се очекува слаб одѕив на граѓаните поради ветото на поголемиот број од кандидатите кои аплицираа за стекнување со правото на кандидат за пратеник во Собранието од страна на Советот на заштитниците на Уставот, особено на кандидатите од редовите на реформистите, бидејќи се намали верувањето дека нешто ќе може да се промени на изборите.

По смртта на двајцата заразени од новиот тип на коронавирусот (Kovid-19) во градот Кум во близина на Техеран, високите претставници за здравството на Иран ги предупредија граѓаните многу да не излегуваат од домовите, да бидат повнимателни и да ставаат маски.

Исто така се претпоставува дека на случаите на заразување од вирусот, е значаен фактор во опаѓањето на нивото на одѕивот на изборите.



Слични вести