Познати имињата на Турците кои загинаа во терористичкиот напад во германскиот град Ханау

Во расистичкиот терористички напад во германскиот град Ханау загинаа четворица Турци и тоа Седат Ѓурбуз, Фатих Сарачоглу, Ѓокхан Ѓултекин и Ферхат Унвар, а беа ранети Билал Ѓокче и Мухаммет Бејазкендир

1364157
Познати имињата на Турците кои загинаа во терористичкиот напад во германскиот град Ханау

Познати имињата на лицата по потекло Турци кои ги загубија животите и беа ранети во извршениот расистички  терористички напад во градот Ханау во Германија.

Германските власти претходно соопштија дека 5 мина од 9 загинати лица кои беа убиени од страна на расистичкиот терорист, се по потекло Турци.

Потоа, властите оваа бројка ја ажурираа на 4 Турци.

Според тоа, во расистичкиот терористички напад загинаа Седат Ѓурбуз, Фатих Сарачоглу, Ѓокхан Ѓултекин и Ферхат Унвар, а беа ранети Билал Ѓокче и Мухаммет Бејазкендир.

Мртвите тела на жртвите во терористичкиот напад беа испратени во институцијата за судска медицина.

Од друга страна, се појавија и снимки од моментите на бегството од местото на настанот на Тобиас Р. кој го изврши расистичкиот напад.

На снимките се гледа како расистичкиот терорист за кого претходно беше установено дека пред неколку дена со своето зелено палто извршил увид во местата кадешто ќе изврши масакр, откако го убил Седат Ѓурбуз во наргиле кафето Midnight бега трчајќи со своето зелено палто.



Слични вести