Повик од Макрон и Меркел до Путин

Двајцата лидери побараа да не се попречува доставувањето хуманитарна помош на настраданите во Идлиб

1363664
Повик од Макрон и Меркел до Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел упатија повик до рускиот претседател Владимир Путин за прекин на судирите во Идлиб.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на портпаролот на германската влада Штефен Сејберт, Меркел и Макрон остварија телефонски разговор со Путин.

Претседателот Макрон и канцеларката Меркел на претседателот Путин му ја пренесоа загриженоста од човечката катастрофа во Идлиб и побараа да прекинат судирите во ова подрачје.

Двајцата лидери побараа да не се попречува доставувањето хуманитарна помош на настраданите во Идлиб, а исто така изразија спремност за одржување средба со Путин и претседателот Реџеп Тајип Ердоган за што поскоро изнаоѓање решение на кризата во Идлиб.



Слични вести