ОН: Повторно започнаа состаноците на Воениот комитет за Либија во формат 5+5

Портпаролот на Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (UNSMIL) Жан ал Алам, истакна дека во оваа фаза не може да се предвиди колку ќе траат состаноците и ја изнесе следната констатација: „Како што знаете за време на преговорите е можно сѐ“

ОН: Повторно започнаа состаноците на Воениот комитет за Либија во формат 5+5

Обединетите нации (ОН) соопштија дека повторно започнаа состаноците на заедничкиот Воен комитет во формат 5+5 во швајцарскиот град Женева со кој се има за цел да се воспостави траен прекин на огнот во Либија.

Портпаролот на Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (UNSMIL) Жан ал Алам, истакна дека во оваа фаза не може да се предвиди колку ќе траат состаноците и ја изнесе следната констатација: „Како што знаете за време на преговорите е можно сѐ.“

Инаку, Претседателскиот совет на Владата на национално единство како легитимно призната влада и од страна на Обединетите нации (ОН), поради извршените напади во вторникот од страна на милициските сили лојални на пучистот Халифа Хафтар врз пристаништето во Триполи, го суспендира учеството на состанокот на Воениот комитет за кој што се планираше да се одржи во формат 5+5 во Женева.

Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (UNISMIL) пак, која вложува големи напори за повторно започнување на состаноците на Воениот комитет ги осуди остро овие напади.

Првата рунда од состаноците на заедничкиот Воен комитет во формат 5+5 започна на 3 февруари во швајцарскиот град Женева, а заврши на 8 февруари. 

Заедничкиот Воен комитет во формат 5+5 се состои од 5 члена кои се избрани од страна меѓународно признатата легитимна Влада на национално единство на Либија и од 5 члена избрани од страна на вооружената група Либиска национална армија лојална на Халифа Хафтар.



Слични вести