Во вооружени напади во германскиот град Ханау загинаа најмалку 11 лица, а има и голем број ранети

Непознати напаѓачи синоќа извршија вооружени напади врз два бара во градот Ханау во Германија и според првични добиени информации загинаа најмалку 11 лица, а има и голем број ранети

1362821
Во вооружени напади во германскиот град Ханау загинаа најмалку 11 лица, а има и голем број ранети

Во реализирани вооружени напади во градот Ханау во Германија, според првични добиени информации, загинаа најмалку 11 лица, а има и голем број ранети.

Како што се истакнува биле извршени вооружени напади врз два бара во градот Ханау во близина на Франкфурт, во покраината Ессен.

Во нападите загинаа 9 лица, додека за време на извршениот упад од страна на полицијата во домовите на напаѓачите биле најдени мртвите тела на две лица.

На тој начин бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, а голем број се ранети.

Се претпоставува дека нападите се извршени од страна на две лица, а во меѓувреме пристигнуваат и информации дека меѓу загинатите има и Турци.

Дирекцијата на полицијата на Јужен Ессен соопшти дека засега нема детални информации во врска со нападите коишто беа реализирани синоќа околу 22:00 часот по локално време.

Федералното јавно обвинителство на Германија соопшти дека наодите укажуваат на извршени напади со екстремно десничарски мотиви.

Германскиот весник „Билд“ пак, напиша дека напаѓачот по име Тобиас Р. било лице со екстремно десничарски погледи.

Според весникот, екстремно десничарот Тобиас Р. чие мртво тело било пронајдено во неговиот дом, ја презел одговорноста за нападите и оставил писмо и видео порака.



Слични вести