Умерените воени опозиционери започнаа операција за враќање на изгубените територии јужно од Идлиб

Умерените воени опозиционери влегоа во селото Нејраб во северозападниот дел на населеното место Серакиб кадешто продолжуваат да се водат жестоки судири со режимските сили

Умерените воени опозиционери започнаа операција за враќање на изгубените територии јужно од Идлиб

Умерените воени опозиционери во Сирија започнаа операција за враќање на населените места јужно од градот Идлиб коишто беа заземени од страна на режимските сили.

Опозиционерите влегоа во селото Нејраб во северозападниот дел на населеното место Серакиб.

Умерените воени опозиционери, по топовските гранатирања врз режимските цели во селото Нејраб почнаа да напреудваат од копно и притоа беа уништени еден тенк и еден оклопен транспортер на персонал на режимот, а запленија и еден тенк.

Во селото Нејраб продолжуваат да се водат жестоки судири помеѓу умерените воени опозиционери и режимските сили.

Инаку, селото Нејраб кај населеното место Серакиб, во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, премина во рацете на режимските сили на 3 февруари.

Населеното место Серакиб зазема место на стратешка точка кадешто се пресекуваат магистралниот пат Автопатот М-5 којшто ги повзраува  главниот град Дамаск и градот Алепо и магистралниот пат Автопатот М-4 којшто ја воспоставува врската на линијата Идлиб-Латакија-Алепо.



Слични вести