Реакции од државниот врв на Германија против расистичкиот напад во Ханау

По извршениот вооружен напад синоќа врз две кафетрии во градот Ханау во кој загинаа 9 лица меѓу кои се наоѓаат и Турци, а голем број лица се ранети пристигнаа остри реакции и од државниот врв на Германија

Реакции од државниот врв на Германија против расистичкиот напад во Ханау

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер објави писмено соопштение во врска со синоќешниот вооружен напад врз две кафетерии во градот Ханау во кој загинаа 9 лица во кое истакна дека во ужас дознал за терористичкиот акт и го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во случајот.

Тој истакна дека е покрај сите луѓе кои се наоѓаат под расистичката закана од омраза.

„Јас сум покрај сите луѓе кои се наоѓаат под расистичката закана од омраза. Тие не се сами. Сигурен сум дека мнозинството од луѓето во Германија ги осудуваат овој акт и секој вид расизам, омраза и насилство.“ - рече претседателот Штајнмаер.

Германската канцеларка Ангела Меркел исто така поради нападот во градот Ханау ја откажа својата денешна планирана програма.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт истакна дека поради нападот во Ханау канцеларката Ангела Меркел ја откажа својата планирана програма во Хале.

Зајберт воедно рече дека канцаларката Меркел добива постојано информации во врска со случувањата во Ханау.

Во меѓувреме, во врска со нападот објави соопштение и германската канцеларка Ангела Меркел која истакна дека расизмот е „отров“.

Таа рече: „Расизмот е отров, омразата е отров, и овој отров постои во нашето општество. Ќе бидат вложени сите напори за расветлување на целата позадина на овие ужасни убиства.“

Од друга страна, грманскиот министер за андворешни работи Хеико Мас во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Ужасниот случај во Ханау не облеа во болка сите. Нашите мисли се со загинатите, нивните семејства и нивните роднини. Се надевам дека ранетите во најскоро време ќе оздрават.“

Претседателката на Демохристијанската унија (ЦДУ) и германска министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, исто така во објавеното соопштение на својот Твитер профил истакна дека е потресена и разжалостена од насилството во Ханау.

Каренбауер ја изнесе следната констатација: „Треба да се расветли позадината на случајот. Нападите коишто се реализираат со екстремно десничарски мотиви не треба да не остават да бидеме мирни, треба заедно да се спротивставиме на тоа.“

Инаку, во извршениот вооружен напад синоќа околу 22:00 часот по локално време врз две кафетерии во градот Ханау во близина на Фракфурт во покраината Ессен, во Германија, загинаа 9 лица, а голем број се ранети.

Амбасадорот на Турција во Берлин Али Кемал Ајдин истакна дека 5 мина од загинатите се Турци.

Во реализирана операција од страна на специјалните полициски сили беа пронајдени мртви во неговиот дом 43 годишниот екстремно десничарски терорист Тобиас Р. кој го извршил нападот и неговата 72. годишна мајка.

Како што се истакнува, извршителот на вооружениот напад Тобиас Р. ја убил и својата мајка, а потоа извршил самоубиство.



Слични вести