Повик од САД, Велика Британија и Германија до сирискиот режим да стави крај на нападите во Идлиб

САД, Велика Британија и Германија во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го повикаа сирискиот режим да стави крај на нападите врз набљудувачките пунктови на Турција во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

Повик од САД, Велика Британија и Германија до сирискиот режим да стави крај на нападите во Идлиб

САД, Велика Британија и Германија во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го повикаа сирискиот режим да стави крај на нападите врз набљудувачките пунктови на Турција во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации во Кели Крафт во говорот што го одржа пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) истакна дека додека умираат децата во Сирија од студ, режимот со нападите коишто ги реализира со своите поддржувачи Русија, Иран и Хезболах, прогласува воена победа.

„Ние како САД ги поддржуваме легитимните интереси на нашиот НАТО сојузник Турција која го носи најголемиот товар по прашањето на помошта на сириските бегалци и ги разбираме грижите на Турција по прашањето на новиот бегалски бран поради судирите. Апсолутно ги негираме изјавите на руските функционери кои ја обвинуваат Турција за зголемување на затегнатоста во северозападниот дел на Сирија. Немаме сомневање во тоа дека одговорни за тоа се Асадовиот режим и Русија.“ - рече Крафт.

Таа нагласи дека САД ќе ги продолжат координационите активности со Турција по прашањето на дипломатските напори за повторно воспоставување на прекинот на огнот и за повлекување на режимските сили назад на линијата на постигнатиот прекин на огнот во Сочи во 2018 година.

Постојаниот претставник на Германија во Обединетите нации (ОН) Кристоф Хајсген, исто така истакна дека се чувствува загриженост од растечката затегнатост околу набљудувачките пунктови на Турција во подрачјето на Идлиб и го рече следното: „Од сирискиот режим бараме да ги сопре нападите против турските сили и веднаш да ја намали затегнатоста.“

Постојаната претставничка на Велика Британија во Обединетите нации (ОН) Карен Пирс пак, во својот говор рече: „Треба да престанат нападите против Турција. Турција покажува напори за мирољубиво решение во Идлиб и чувствуваме загриженост порастот на затегнатоста да влијае на Турција која во моментов го носи товарот на 3,5 милиони бегалци.“



Слични вести