Пентагон ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз режимот во Сирија

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз режимот во Сирија за стопирање на нападите во подрачјето на Идлиб

1362774
Пентагон ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз режимот во Сирија

Портпаролот на Секретаријатот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Џонатан Хофман одржа заедничка прес конференција во Пентагон, со портпаролот на Генералштабот вицеадмирал Вилијам Д. Бирн.

Овде Хофман одговараше на едно прашање во врска со последните случувања во подрачјето на Идлиб и истакна дека ставот на Пентагон по прашањето со Сирија не е променет и дека веруваат оти конечното решение во Сирија треба да биде политичко. 

Џонатан Хофман истакна дека меѓународната заедница треба да изврши притисок врз режимот во Сирија за стопирање на нападите во подрачјето на Идлиб. 

„Гледаме дека Асад продолжува да го напаѓа сопствениот народ. Ги гледаме неговите напади во Идлиб. Гледаме дека Русите и Турците се блиску до судир од широк обем во ова подрачје. Се надеваме дека ќе изнајдат соодветно решение за да го избегнат тоа. Го продолжуваме нашиот повик до меѓународната заедница да изврши притисок врз Сирија по прашањето на стопирање на нападите во Идлиб и изнаоѓање на мирољубиво решение.“ - рече портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Џонатан Хофман.



Слични вести