Нападите во германскиот град Ханау укажуваат на извршени напади со екстремно десничарски мотиви

Федералното јавно обвинителство на Германија соопшти дека наодите во врска со извршените напади синоќа околу 22:00 часот по локално време  укажуваат на напади со екстремно десничарски мотиви

1363175
Нападите во германскиот град Ханау укажуваат на извршени напади со екстремно десничарски мотиви

Во извршените вооружени напади на две кафетерии во градот Ханау во близина на Фракфурт во покраината Ессен, во Германија, загинаа 9 лица, а голем број се ранети.

Како што се истакнува меѓу загинатите има и Турци.

Федералното јавно обвинителство на Германија соопшти дека наодите во врска со извршените напади синоќа околу 22:00 часот по локално време  укажуваат на напади со екстремно десничарски мотиви.

Германското министерство за внатрешни работи потврди дека причина за извршување на нападите е „непријателство кон странците“ и случајот го окарактеризира како„тероризам“.

Во меѓувреме, е установено дека едниот од двајцата напаѓачи во чиј дом бил извршен упад од страна на полицијата, се самоубил откако претходно ја убил и својата мајка. 

Со овие две жртви, бројот на жртвите во нападите во Ханау изнесува 11 лица.

Германскиот весник „Билд“ пак, напиша дека напаѓачот по име Тобиас Р. било лице со екстремно десничарски погледи.

Според весникот, екстремно десничарот Тобиас Р. чие мртво тело било пронајдено во неговиот дом, ја презел одговорноста за нападите и оставил писмо и видео порака.



Слични вести