Бројот на починатите од Ковид-19 во Кина се зголеми на 2.120 лица

Според објавеното соопштение од страна на Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на потврдени случаи на зараза од вирусот Ковид-19 во земјата се зголеми на 74.576 лица од кои здравствената состојба на 11.864 лица е сериозна.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Кина се зголеми на 2.120 лица

Бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2.120 лица.

Според објавеното соопштение од страна на Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на потврдени случаи на зараза од вирусот Ковид-19 во земјата се зголеми на 74.576 лица од кои здравствената состојба на 11.864 лица е сериозна.

Во последните 24 часа починаа уште 114 лица, додека со новите 394 утврдени случаи е утврдена најниската бројка на заболени од Ковид-19 на дневна база од 23 јануари досега.

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) за прв пат беше утврден на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот.

Веднаш потоа, Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет, прогласи „итна состојба“.



Слични вести