Сараџ: Без да сопрат нападите е бесмислено да се зборува за мир

Според објавеното писмено соопштение од прес канцеларијата на Владата на национално единство на Либија, премиерот Сараџ во својата работна канцеларија во главниот град Триполи се состана со министерот за надворешни работи на Алжир Сабри Букадум

1362269
Сараџ: Без да сопрат нападите е бесмислено да се зборува за мир

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ, која е легитимно призната од страна на Обединетите нации (ОН), истакна дека без да сопрат нападите е бесмислено да се зборува за мир.

Според објавеното писмено соопштение од прес канцеларијата на Владата на национално единство на Либија, премиерот Сараџ во својата работна канцеларија во главниот град Триполи се состана со министерот за надворешни работи на Алжир Сабри Букадум.

Во оваа пригода, Сараџ нагласи дека мора да престанат нападите и рече: „Без да се вратат во своите домови раселените во земјата, без да се добие гаранција дека нема да се извршат напади врз главниот град, не е можно да се говори за мир и да се добие резултат од тоа.“

Алжирскиот министер за надворешни работи Сабри Букадум, исто така за време на посетата ја повтори поддршката на неговата земја на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија и нагласи дека военото решение не претставува решение за кризата во Либија и дека Алжир ќе ги презентира сите свои обиди за стопирање на војната.

Инаку, алжирскиот министер за надворешни работи Сабри Букадум на 5 февруари отпатува за градот Бенгази кадешто се состана со лидерот на нелегитимните вооружени сили Халифа Хафтар.



Слични вести