Песков: „Русија ќе продолжи со преговорите со Турција“

Претседателите на двете земји имаат блиски односи поради што евентуален телефонски разговор може да се среди за неколку часа

1362631
Песков: „Русија ќе продолжи со преговорите со Турција“

Гласноговорникот на рускиот претседателски дворец Кремљ Дмитриј Песков рече дека Русија ќе продолжи со преговорите со Турција за да не дојде до зголемување на напнатоста во Идлиб во Сирија.

На прес конференцијата за новинарите во Москва, гласноговорникот Песков направи проценка на преговорите меѓу турската и руската делегација во врска со Идлиб.

Песков потсети дека пред повеќе од една година во Сочи беа постигнати договори меѓу Турција и Русија во врска со Сирија.

„Бевме задоволни од овие договори и тоа беше меѓусебно задоволство.

Силите на режимот во Сирија и руските воени објекти беа изложени на напади преку Идлиб, поради што за да не дојде до зголемување на напнатоста во Идлиб, Русија ќе продолжи со преговорите со Турција“ рече Песков.

Надоврзувајќи се на евентуален телефонски разговор меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, Песков рече дека засега не се планира такво нешто.

Претседателите на двете земји имаат блиски односи поради што евентуален телефонски разговор може да се среди за неколку часа.

На прашањето во врска со изјавата на претседателот Ердоган дека евентуална операција на Идлиб може да се реализира во секој момент, Песков рече:

Ако говориме за евентуална операција врз терористичките групи во Идлиб, тоа ќе биде во согласност со меморандумот во Сочи бидејќи неутрализирањето на сериозните количини на оружје и муниција со кои располагаат терористите е одговорност на Турција. Но ако говориме за евентуална операција на легитимната власт во Сирија и сириската војска, тоа ќе биде најлошо сценарио“ потенцираше Песков.

 



Слични вести