ОН силно ги осудија нападите на силите на Хафтар врз пристаништето во Триполи

Мисијата на Обединетите нации (ОН) за поддршка на Либија силно ги осуди вчерашните реализирани напади врз пристаништето во Триполи од страна на силите на пучистот Халифа Хафтар

ОН силно ги осудија нападите на силите на Хафтар врз пристаништето во Триполи

Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (UNSMIL) соопшти дека „силно ги осудуваат“ вчерашните реализирани напади  врз пристаништето во Триполи од страна на нелегитимните вооружени сили на Халифа Хафтар во источниот дел на Либија.

По вчерашните напади на милициските сили на Хафтар врз пристаништето во Триполи, Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија која воедно е и легитимно призната од страна на Обединетите нации (ОН), го суспендира учеството на состанокот на Воениот комитет планиран во формат 5 + 5 во швајцарскиот град Женева.

По ваквиот развој пак, UNSMIL објави писмено соопштение во кое е изразена желбата за повторно започнување на состаноците во формат 5+5 и е покажана остра реакција против вчерашниот реализиран напад врз пристаништето во Триполи од страна на Либиската национална армија лојална на пучистот Хафтар.

Во соопштението се укажува на тоа дека нападот резултираше со низа загуби и дека гаѓањето на бродот којшто превезуваше гас во течна состојба можеше да доведе до вистинска катастрофа, а исто така се изнесува следната констатација: "Би сакале да го истакнеме тоа дека на силен начин и повторно го осудуваме вчерашното бомбардирање на пристаништето во Триполи од страна на Либиската национална армија."

Во соопштението на Мисијата на Обединетите нации (ОН) за поддршка на Либија (UNSMIL) се нагласува дека треба да се стави крај на затегнатоста и провокативните акции особено во конфликтните области и воедно се упатува повик до сите страни за започнување на дијалогот, а како што се вели за ставање крај на кризата во Либија.

Инаку, милициските сили лојални на Хафтар вчера реализираа два одделни ракетни напади врз пристаништето во Триполи во кои загинаа тројца цивили, а 5 мина беа ранети. 



Слични вести