Напад со беспилотно летало на НАТО силите во Авганистан: Загинаа 11 лица

Портпаролот на Губернијата Херат Џејлани Фархад пак, истакна дека во нападот загинаа тројца членови на Талибан и дека е започната истрага во врска со загинатите цивили

1362541
Напад со беспилотно летало на НАТО силите во Авганистан: Загинаа 11 лица

Во реализиран воздушен напад со беспилотно летало на НАТО силите врз едно возило во кое се наоѓале цивили во провинцијата Херат во Авганистан, животот го загубија 11 лица.

Како што се истакнува, 8 од загинатите во нападот во областа Ќошк-е Кухна се деца.

Портпаролот на Губернијата Херат Џејлани Фархад пак, истакна дека во нападот загинаа тројца членови на Талибан и дека е започната истрага во врска со загинатите цивили.

Инаку, во провинцијата Херат се наоѓа воена база на Соединетите Американски Држави (САД) кои се на задача во склопот на мисијата на НАТО во Авганистан.

Од друга страна пак, врз една куќа во центарот на провинцијата Кундуз падна граната од хаубица истрелана од страна на Талибан и притоа животот го загуби еден цивил, а 9 мина цивили се ранети меѓу кои има и деца.

Од страна на Талибан засега не е објавено било какво соопштение во врска со нападот.



Слични вести