МНР на Русија: Турската и руската делегација ја потврдија посветеноста кон постоечките договори

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека турската и руската делегација на остварените разговори на 17 и 18 февруари во Москва ја потврдија посветеноста кон постоечките договори за намалување на човечката состојба во подрачјето на Идлиб

1362044
МНР на Русија: Турската и руската делегација ја потврдија посветеноста кон постоечките договори

Русија соопшти дека на остварените разговори помеѓу турската и руската делегација во Москва по прашањето на подрачјето на Идлиб во Сирија и двете страни потврдија дека ќе останат посветени кон постоечките договори за намалување на човечката состојба.

Руското министерство за надворешни работи, по остварените разговори на турската и руската делегација во главниот град Москва по прашањето со Идлиб објави писмено соопштение.

Во соопштението се истакнува дека делегациите на двете земји на одржаните разговори на 17 и 18 февруари преговараа детално за ситуацијата на теренот во Сирија во рамките на затегнатоста во Идлиб.

„И двете страни потврдија дека додека се продолжува со борбата против тероризмот ќе останат посветени кон постоечките договори со коишто се обезбедуваат неопходните мерки за намалување на затегнатоста и олеснување на човечката ситуација“ - стои во соопштението на руското министерство за надворешни работи и се додава следното: „На разговорите е нагласено дека воспоставувањето на долгорочната безбедност и стабилност во Идлиб и во другите области на Сирија, е возможно на основа на посветеноста кон сувереноста, независноста, единството и територијалниот интегритет на земјата.“



Слични вести