Во последните 6 дена од подрачјето на Идлиб кон границата на Турција дојдоа уште 148 илјади цивили

Со последните раселувања, бројот на лицата кои од подрачјето на Идлиб избегаа во местата во близина на границата со Турција од јануари 2019 година досега достигна до 1 милион и 942 илјади лица

1361703
Во последните 6 дена од подрачјето на Идлиб кон границата на Турција дојдоа уште 148 илјади цивили

Поради нападите на силите на режимот на Бешар Асад и неговиот поддржувач Русија врз населените места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалационата зона) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија,во послендите 6 дена уште 148 илјади цивили се раселија (избегаа) во местата во близина на сириско-турската граница.

Со последните раселувања, бројот на лицата кои избегаа во местата во близина на границата со Турција од јануари 2019 година досега достигна до 1 милион и 942 илјади лица.

Според добиени информации од Координациониот центар за интервенции на Сирија којшто води активности во врска со статистичките податоци за раселувањата (миграцијата) во подрачјето, продолжуваат раселувањата (миргацијата) од центарот на градот Идлиб, западните делови на градот Алепо и населеното место Дарет Изе и околните села јужно од градот Алеп, кон сириско-турската граница .

Поради нападите на режимските сили составени од војската на Асад и терористичките групи поддржани од Иран и на Русија, од наведените области во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалационата зона) во Идлиб, во последните 6 дена се раселија уште 148 илјади цивили.

Поголемиот дел од лицата кои бегаат од нападите и се раселуваат доаѓаат во камповите коишто се наоѓаат во пограничниот појас на границата со Турција, а еден дел се засолнуваат во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче, коишто од страна на Турција се исчистени од терористите.

Од центарот на градот Идлиб и неговата околина, неговите јужни и југоисточни делови, како и од населените места во западните и јужните рурални подрачја на градот Алепо, од јануари 2019 година досега бројот на раселените лица во близина на границата со Турција достигна до 1 милион и 942 илјади лица.



Слични вести