Бројот на жртвите од Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.869 лица

Во последните 24 часа во Кина животот го загубија 98 лица од кои 93 во епицентарот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во провинцијата Хубеј, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 1.869 лица

1361283
Бројот на жртвите од Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.869 лица

Бројот на починатите поради епидемијата на Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.869 лица, а бројот на заразените од вирусот достигна до 72.436 лица.

Во последните 24 часа во Кина животот го загубија 98 лица од кои 93 во епицентарот на епидемијата во провинцијата Хубеј.

Поради Ковид-19 се очекува да бидат одложени и состаноците на Националниот народен конгрес на Кина, како највисок законодавен орган на земјата и годишните собраниски состаноци на Националниот комитет на политичката консултативна конференција на којшто во март ќе се состанат над 5 илјади делегати, а кои се оценуваат како најзначајни политички состаноци во Кина во текот на една година.

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) за прв пат беше утврден на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови и низ цела Кина, како и во светот.

Веднаш потоа Светската здравстена организација (СЗО), поради брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет прогласи „итна состојба“.



Слични вести