Во стампедо за време на раздавање хуманитарна помош во Нигерија животот го загубија 20 лица

Стампедотото се случи за време на раздавање хуманитарна помош од страна на гувернерот на провинцијата Борно во Нигерија Умара Зулум на нигериските бегалци кои живеат во областа Дифа

1361160
Во стампедо за време на раздавање хуманитарна помош во Нигерија животот го загубија 20 лица

Во стампедо до кое што дојде по големата гужва и турканица коишто се појавија за време на раздавање хуманитарна помош на нигериските бегалци во областа Дифа во југоисточниот дел на Нигерија, животот го загубија 20 лица, а 12 мина се повредени.

Стампедотото се случи за време на раздавање хуманитарна помош од страна на гувернерот на провинцијата Борно во Нигерија Умара Зулум на нигериските бегалци кои живеат во областа Дифа.

Притоа во стампедото, животот го загубија 20 лица од кои повеќето жени и деца, а 12 мина се повредени.

Се реализирани активности за утврдување на идентитетот на жртвите, а повредените се префрлени на лекување.

Инаку, десетици илјади Нигеријци кои бегаат од насилствата на терористичката организација Боко Харам во провинцијата Борно, во северниот дел на Нигерија, живеат како бегалци во областа Дифа на границата помеѓу Нигерија и Нигер.

Во областа Дифа којашто од февруари 2015 година наваму е подложена на напади на Боко Харам, 5 години како е воведена вонредна состојба.

Терористичката организација Боко Харам од почетокот на 2000-тите години делува во Нигерија и во акциите на колективно насилство коишто ги реализира оваа терористичка организација од 2009 година наваму, животот го загубија повеќе од 20 илјади лица.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Така во нападите на Боко Харам во басенот на Чадското езеро, животот го загубија најмалку 2 илјади лица. 

 



Слични вести