Палестинскиот премиер Иштије: Наводниот мировен план, не значи ништо друго освен постигнат договор помеѓу Нетанјаху и Трамп

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије истакна дека наводниот мировен план на Соединетите Американски Држави (САД) не значи ништо друго освен постигнат договор помеѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп.

1360703
Палестинскиот премиер Иштије: Наводниот мировен план, не значи ништо друго освен постигнат договор помеѓу Нетанјаху и Трамп

Според објавеното писмено соопштение од палестинската влада, премиерот Мухамед Иштије говореше на симпозимот на тема Палестина, во рамките на 56. Минхенска безбедносна конференција во Германија.

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије истакна дека наводниот мировен план на Соединетите Американски Држави (САД) не значи ништо друго освен постигнат договор помеѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп.

Велејќи „Наводниот мировен план, не значи ништо друго освен постигнат договор помеѓу Нетанјаху и Трамп. Не е можно да го наречеме мировен план. Тоа е само дел од изборните кампањи на овие двајца лидери.“ - рече Иштије напомена дека овој план не го опфаќа Ерусалим (Кудс), не им признава право на Палестинците за враќање во своите домови, не посегнува по 720 илјади еврејски доселеници кои живеат во 221 населба и предложува Палестина без суверенитет.

Мухамед Иштије истакна дека наводниот мировен план ги заробува Палестинците во островчиња коишто се поврзуваат меѓусебно со мостови и тунели, дека планот на Трамп е роден мртов (мртвороденче) и дека во блиско време ќе биде закопан во историјата.

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије, воедно ги повика европските земји да се спротивстават на наводниот мировен план на Трамп и да ја признаат државата Палестина со границите од 1967 година и главен град Источен Ерусалим (Кудс).  

 



Слични вести