ОН: Завојуваните страни во Јемен постигнаа детален договор за размена на заробеници

Канцеларијата на специјалното претставништво на генералниот секретар на ОН за Јемен и Комитетот на Црвениот крст соопштија дека завојуваните страни во Јемен на крајот на 7 дневните разговори во Аман постигнаа детален договор за размена на заробеници

1360812
ОН: Завојуваните страни во Јемен постигнаа детален договор за размена на заробеници

Обединетите нации (ОН) соопштија дека завојуваните страни во Јемен постигнаа детален договор за размена на заробеници.

Според објавеното заедничко соопштение од страна на Канцеларијата на специјалното претставништво на генералниот секретар на ОН за Јемен и Комитетот на Црвениот крст, страните кои војуваат во Јемен на крајот на 7 дневните разговори во Аман постигнаа договор по прашањето на размена на заробеници.

Според тоа, согласно Договорот од Стокхолм, страните постепено ќе ги ослободат заробените лица за време на судирите.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Јемен Мартин Грифитс ги повика страните што поскоро да го започнат процесот и го рече следното: „Веќе треба да стивне болката на илјадници лица кои бројат денови за да се сретнат со своите сакани.“

Инаку, во Јемен каде што долги години како владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран  од септември 2014 година наваму ги држат под контрола главниот град Сана и некои други области на земјата.

Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија пак, од март 2015 година ја поддржуваат легитимната влада на Јемен во борбата против Хусите.



Слични вести