Лавров: САД со наводниот Блискоисточен мировен план го прекршуваат меѓународното право

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“ истакна дека САД со наводниот Блискоисточен мировен план го прекршуваат меѓународното право

1361188
Лавров: САД со наводниот Блискоисточен мировен план го прекршуваат меѓународното право

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека со наводниот Блискоисточен мировен план го прекршуваат меѓународното право.

Лавров во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“ се осврна на наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со што рече: „Вашингтон, ги прекрши прифатените меѓународни закони, вклучувајќи ги и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и Арапската мировна иницијатива.

Лавров, потсети дека Палестина покажа реакција против поднесениот предлог на САД.

Привлекувајќи внимание дека планот содржи решение во корист на Израел во врска со статусот на Палестина, Лавров предупреди дека овој приод нема да помогне за подобрување на ситуацијата.

Тој нагласи дека во решавањето на ова прашање треба да вложуваат напори палестинскиот и израелскиот народ.

Сергеј Лавров потсети дека Русија е членка на Блискоисточната четворка (Русија, САД, Европската унија (ЕУ), Обединетите нации (ОН) и подвлече дека неговата земја е спремна да помогне Палестина и Израел да постигнат компромис.

Осврнувајќи се и на кризата во Либија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров укажа на тоа дека по ова прашање не се доживеани коренити промени. 

Лавров привлече внимание дека судирите помеѓу страните во Либија продолжуваат и нагласи дека овие прашања веќе не можат да се решат со активности како Берлинската конференција.

Тој истакна дека меѓународната заедница треба да овозможи страните во Либија да ги прифатат резултатите од Берлинската конференција.



Слични вести