Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.666 лица

Комисијата за национално здравство на Кина соопшти дека бројот на починатите поради епидемијата на Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.666 лица, а бројот на заразените од вирусот достигна до 68.500 лица

1360213
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.666 лица

Бројот на починатите поради епидемијата на Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.666 лица, а бројот на заразените од вирусот достигна до 68.500 лица.

Во објавеното соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина се истакнува дека бројот на сомнителни случаи во земјата изнесува 8.228 лица, а бројот на лицата кои поради тоашто контактирале со лица заразени од вирусот се наоѓаат под лекарски надзор изнесува 158.764 лица.

Од друга страна, бројот на починатите оради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), се искачи на 1.666 лица од кои едно лице во Хонгконг.

Бројот на лицата кај кои е потврдено дека се заразени од вирусот се искачи на 68.500 лица од кои здравствената состојба на 11.272 лица е тешка. Бројот на излечените (оздравените) случаи во земјата кои се отпуштени од болница достигна до 9.419 лица. 

Надвор од континентална Кина,  бројот на случаи со зараза во Специјалната административна област Хонгконг се зголеми на 84 лица, а во Специјалната административна област Макао оваа бројка изнесува 10 лица.

Поради Ковид-19 во последните 24 часа во Кина животот го загубија 142 лица, а се утврдени и 2.009 нови случаи на зараза.



Слични вести