Во нападите на руските воени авиони кај градот Алепо во подрачјето на Идлиб загинаа 4 цивили

Според добиени информации од изворите за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во нападите на руските воени авиони врз селото Сахара во руралното подрачје на градот Алепо животот го загубија четворица цивили

1360126
Во нападите на руските воени авиони кај градот Алепо во подрачјето на Идлиб загинаа 4 цивили

Во нападите на руските воени авиони коишто продолжуваат врз населените места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија загинаа четворица цивили.

Според Авионската опсерваторија на опозиционерите, руските воени авиони кои во текот на денот реализираа воздушни напади врз населеното место Дарет Изе и селата и селата Сахара, Кефер Наха, Анзимо, Тедил и Аџил во руралните подрачја на градот Алепо, исто така ги бомбардираа и селата Кефер Сеџне, Хас и Хаба во руралните подрачја на градот Идлиб.

Според добиени информации од изворите за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во нападите врз селото Сахара во руралното подрачје на градот Алепо животот го загубија четворица цивили.

На напад на руските воени авиони беа подложени и екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки), при што во случајот загина еден вработен за Цивилна одбрана.



Слични вести