Во нападите на Русија и режимските сили во подрачјето на Идлиб загинаа 8 цивили

Во последните напади врз цивилните населени места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, загинаа вкупно 8 цивили од кои 5 мина во воздушните напади на Русија, а тројца во топовските напади на режимските сили.

Во нападите на Русија и режимските сили во подрачјето на Идлиб загинаа 8 цивили

Во реализираните напади од страна на режимските сили на Бешар Асад и Русија врз населените места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 8 цивили.

Според Авионската опсерваторија на опозиционерите, руските воени авиони кои реализираат жестоки воздушни напади и топовските батерии на Асадовиот режим кои ги гранатираат руралните подрачја западно од градот Алепо, во подрачјето на Идлиб, реализираа напади врз голем број цивилни населени места.

Во овие напади загинаа вкупно 8 цивили од кои 5 мина во воздушните напади на Русија, а тројца во топовските напади на режимските сили. 

 



Слични вести