Ракетен напад врз воена база во ирачкиот град Киркук во која се наоѓаат и американски војници

Командантот за операции во Киркук генерал полковник Саад Харбије истакна дека воената база К1 во западниот дел на градот беше цел на ракетен напад со ракети Катјуша

Ракетен напад врз воена база во ирачкиот град Киркук во која се наоѓаат и американски војници

Во градот Киркук (Керкук) во Ирак е реализиран ракетен напад врз воената база „К1“ во која се наоѓаат и американски војници.

Командантот за операции во Киркук генерал полковник Саад Харбије истакна дека воената база „К1“ во западниот дел на градот беше цел на  напад со ракети Катјуша. 

Велејќи дека по реализираниот ракетен напад врз воената база во која се наоѓаат и американски војници е причинета штета, генерал полковник Саад Харбије информира дека по случајот безбедносните сили во гробиштата во близина на воената база нашле повеќе од 10 исфрлувачи на ракети.

Генерал полковник Харбије додаде дека безбедносните сили ги продолжуваат активностите во областа за пронаоѓање на извршителите на ракетниот напад.



Слични вести