Путин одржа состанок со Советот за безбедност посветен на ситуацијата во сириски Идлиб

Во објавеното соопштение од прес центарот на претседателскиот дворец Кремљ се истакнува дека претседателот Владимир Путин одржа состанок со Советот за безбедност на земјата посветен на  ситуацијата во подрачјето на сириски Идлиб

Путин одржа состанок со Советот за безбедност посветен на ситуацијата во сириски Идлиб

Рускиот претседател Владимир Путин го свика на состанок Советот за безбедност на земјата, за разгледување на ситуацијата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од прес центарот на претседателскиот дворец Кремљ се истакнува дека претседателот Путин одржа состанок со Советот за безбедност на земјата.

Во соопштението се вели дека на состанокот беше разгледана ситуацијата во подрачјето на сириски Идлиб и стои следното: „Беа разменети мислења во врска со активностите на терористичките групи и растечката тензија во Идлиб.“

Во соопштението се додава дека на состанокот исто така беше разговарано и за епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто се појави во месец декември 2019 година во Кина и влијанието на оваа смртоносна болест над глобалната економија.



Слични вести