Поништени предвремените парламентарни избори во 4 изборни единици во Азербејџан

Поради нерегуларности се поништени резултатите од одржаните избори во 33-тата изборна единица Хатаји, 35-тата изборна единица Хатаји, 74-тата изборна единица Ленкеран и 80-тата изборна единица Имишли-Бејлеган

Поништени предвремените парламентарни избори во 4 изборни единици во Азербејџан

Централната изборна комисија на Азербејџан на својата вчерашна седница ги разгледа доставените приговори во врска со предвремените парламентарни избори коишто беа одржани на 9 февруари. на крајот на минатата недела, во оваа земја.

Притоа, Централната изборна комисија донесе одлука за поништување на резултатите од изборите во 4 изборни единици.

Поради нерегуларности се поништени резултатите од изборите во 33-тата изборна единица Хатаји, 35-тата изборна единица Хатаји, 74-тата изборна единица Ленкеран и 80-тата изборна единица Имишли-Бејлеган.

Приговорите и поплаките во врска со неколку други изборни единици пак, за нивно разгледување беа испратени до регионалните изборни комисии.

Рокот на разгледување на приговорите и поплаките во врска со резултатите од одржаните предвремени парламентарни избори од страна на Централната изборна комисија на Азербејџан ќе трае до 29 февруари.

Засега не е соопштено кога ќе бидат повторени изборите во изборните единици кадешто се поништени.

Инаку, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 5 декември го распушти Националното Собрание (Милли Меџлис) по што беше донесена одлука за одржување на предвремени парламентарни избори и Азербејџан влезе во изборен процес.

Предвремените парламентарни избори  беа одржани на 9 феваруари на крајот на минатата недела и резултираа со победа на Партијата Нов Азербејџан чиј лидер е актуелниот претседател на државата Илхам Алиев.



Слични вести