Песков: Русија и Турција се во близок контакт во врска со ситуацијата во Идлиб

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, во дадената изјава за новинарите во главниот град Москва направи проценка на случувањата во Сирија во врска со што рече: „Русија и Турција се во близок контакт во врска со ситуацијата во Идлиб“

Песков: Русија и Турција се во близок контакт во врска со ситуацијата во Идлиб

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков во дадената изјава за новинарите во главниот град Москва направи проценка на случувањата во Сирија.

Песков истакна дека Русија е во близок контакт со Турција по прашањето на подрачјето на Идлиб во Сирија.

Укажувајќи на растечката тензија во Идлиб, Песков рече: „Русија и Турција се во близок контакт во врска со ситуацијата во Идлиб. Нашите лидери оваа недела остварија телефонски разговор, разговараа нашите воени функционери, остваруваат взаемни посети нашите експертски делегации.“

Воедно и во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека се планира да се одржи средба и помеѓу министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот турски колега, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на 16 февруари во рамките на Безбедносната конференција во Минхен, во Германија.



Слични вести