Во судирите во Нигерија во 2019 година животот го загубија 3.188 лица

Претставникот на Националната комисија за човекови права Чиди Одинкалу истакна дека во насилствата коишто се случија во земјата во 2019 година  животото го загубија вкупно 3.188 лица од кои 2.707 цивили и 481 припадник на безбедносните сили

1358909
Во судирите во Нигерија во 2019 година животот го загубија 3.188 лица

Во судирите во западноафриканската држава Нигерија во 2019 година животот го загубија 3.188 лица.

Претставникот на Националната комисија за човекови права Чиди Одинкалу истакна дека најмногу насилства се доживеани во провинцијата Борно во североисточниот дел на земјата.

Одинкалу рече дека во насилствата коишто се случија во земјата во 2019 година  животото го загубија вкупно 3.188 лица од кои 2.707 цивили и 481 припадник на безбедносните сили.

Инаку, во Нигерија освен нападите коишто се реализираат од страна на терористичката организација Боко Харам, се водат и судири помеѓу овчарите и земјоделците, а воедно се реализираат и напади од страна на илегални вооружени банди при што во сите овие насилства животот го губат голем број луѓе.



Слични вести