Повик од Столтенберг до Асадовиот режим поддржан од Русија за стопирање на нападите во Идлиб

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг упати повик до Асадовиот режим поддржан од Русија за стопирање на сите напади коишто стануваат причина за гинење на невините луѓе во подрачјето на Идлиб во Сирија

1358477
Повик од Столтенберг до Асадовиот режим поддржан од Русија за стопирање на нападите во Идлиб

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по првиот ден од состанокот на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел одржа прес конференција на која во врска со растечката тензија во подрачјето на Идлиб во Сирија истакна дека Асадовиот режим поддржан од Русија треба да ги сопре сите напади коишто стануваат причина за гинење на невините цивили.

На прашањето на дописникот на новинската Агенција Анадолија „АА“, “Во која мера беше поставена на дневен ред на состанокот растечката воена тензија во Идлиб? Дали од НАТО се очекува конкретна поддршка на својата членка Турција по ова прашање?“, Столтенберг одговори со зборовите: „Ситуацијата во беше поставена на дневен ред на денешната средба. Она што го гледаме во моментов (во подрачјето) е резултат на безмилосното насилство, прекумерните напади против невините цивили и бомбардирањето на цивилните цели, без притоа да се прави разлика. Го осудуваме тоа, бидејќи е неприфатливо.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг упати повик до Асадовиот режим поддржан од Русија за стопирање на сиве овие напади коишто стануваат причина за гинење на невините луѓе. 

Потсетувајќи дека НАТО и дава поддршка на Турција, Столтенберг како пример на тоа ги изнесе „капацитетите со коишто се зајакнати противвоздушно одбранбените системи на Турција“. 

Јенс Столтенберг воедно го додаде и тоа дека чувствува крајно голема загриженост од ситуацијата во Идлиб.



Слични вести