Парична казна од Русија на Фејсбук и Твитер

Минатиот месец Роскомнадзор поднесе кривична пријава против Фејсбук и Твитер поради непочитување на одлуката за чување на податоците на руските корисници на серверите на руските територии

Парична казна од Русија на Фејсбук и Твитер

Рускиот суд на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер им изрече вкупна парична казна во износ од 8 милиони рубљи поради непочитување на законските регулативи за заштита на личните податоци.

Федералната служба за супервизија на комуникациите, информатичката технологија и мас-медиумите (Роскомандзор) поднесе пријави против Фејсбук и Твитер до судот Тагански во Москва.

Судот пресуди дека социјалните мрежи Твитер и Фејсбук не се придржуваат кон законските регулативи за заштита на личните податоци, поради што на двете медиумски страници им изрече посебни парични казни во висина од по 4 милиони рубљи (околу 62 илјади долари).

Минатиот месец Роскомнадзор поднесе кривична пријава против Фејсбук и Твитер поради непочитување на одлуката за чување на податоците на руските корисници на серверите на руските територии.

Во 2016 година, професионалната социјална мрежа Линкедин исто така беше забранета поради истите регулативи.



Слични вести