Милициските сили на Хафтар извршија ракетен напад врз Триполи: Едно лице загина, а 9 мина се ранети

Во реализиран ракетен напад од страна на милициските сили на Хафтар врз цивилните населени места во југозападниот дел на главниот град Триполи, е погодена една кафеана и притоа едно лице загина, а 9 мина се ранети

1358711
Милициските сили на Хафтар извршија ракетен напад врз Триполи: Едно лице загина, а 9 мина се ранети

Милициските сили на Халифа Хафтар реализираа ракетен напад врз либискиот главен град Триполи во кој едно лице загина, а 9 мина се ранети.

Според објавеното писмено соопштение од прес центарот на операцијата Вулкан на гневот на силите на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија, во реализиран ракетен напад од страна на милициските сили на Хафтар врз цивилните населени места во југозападниот дел на главниот град Триполи, е погодена една кафеана.

Поради паднатата ракета едно лице загина, а 9 мина се ранети.

Инаку, и покрај тоа што страните во Либија на 12 јанаури го прифатија предлогот на Турција и Русија за прекин на огнот, милициските сили на Хафтар уште од првиот дена продолжуваат да го прекршуваат прекинот на огнот.



Слични вести