Ердоган најсакан светски лидер во Република Северна Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон кој стави вето на пристапните преговори на Република Северна Македонија за влез во ЕУ се најде на последно место на списокот

Ердоган најсакан светски лидер во Република Северна Македонија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган стана најсакан светски лидер во Република Северна Македонија.

Според резултатите од анкетата на истражувачката агенција Брима која е членка на меѓународната асоцијација „Галуп“ со седиште во Швајцарија, претседателот Реџеп Тајип Ердоган се најде на прво место на списокот на најсакани лидери во светот.

60 отсто од анкетираните изразија позитивен став за претседателот Ердоган.

По Ердоган, со 54 отсто од гласовите на анкетираните на второ место се најде германската канцеларка Ангела Меркел. На трето место се најде рускиот претседател Владимир Путин, на четврто духовниот лидер на римокатоличкиот свет папата Франциск, на петто место американскиот претседател Доналд Трамп.

Францускиот претседател Емануел Макрон кој стави вето на пристапните преговори на Република Северна Македонија за влез во ЕУ се најде на последно место на списокот.

Само 21 отсто од анкетираните изразија позитивен став за Макрон.



Слични вести