Руски воени авиони бомбардираа населени места кај Идлиб: Загинаа 4 цивили, а тројца се ранети

Руски воени авиони денеска од утринските часови реализираат напади врз голем број населени места кај градот Алепо во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во кои загинаа 4 цивили, а тројца се ранети

1358180
Руски воени авиони бомбардираа населени места кај Идлиб: Загинаа 4 цивили, а тројца се ранети

Во реализирани напади од страна на руски воени авиони врз населените места во руралното подрачје на градот Алепо западно од Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, загинаа 4 цивили, а тројца се ранети.

Според Авионската опсерваторија на опозиционерите, руски воени авиони денеска од утринските часови реализираат напади врз голем број населени места кај градот Алепо во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) соопштуваат дека во нападите на руските воени авиони врз наведените населени места загинаа 4 цивили, а тројца се ранети. 

Екипите за Цивилна одбрана го изгаснаа пожарот што се појави поради бомбардирањата и ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување како и кревање на рушевините.



Слични вести