Продолжува борбата за стратешкиот магистрален пат автопатот М-5 во Сирија

Поради тоа што воените опозиционери сѐ уште се наоѓаат многу блиску до стратешкиот пагистрален пат автопатот М-5, режимските сили не можат да ја воспостават целосно контролата над патот

1358297
Продолжува борбата за стратешкиот магистрален пат автопатот М-5 во Сирија

Силите на режимот на Бешар Асад и покрај тоашто напредуваа во делот на стратешкиот магистрален пат автопатот М-5 којшто поминува низ Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, поради тоа што воените опозиционери се многу блиску сè уште не можат целосно да ја воспостават контролата во оваа област.

Терористичките групи под команда на офицери на Иранската Револуционерна гарда и Војската на Асад, напредуваа во местата коишто се наоѓаат во руралното подрачје во западниот дел на Алепо од кадешто стратешкиот магистрален пат автопатот М-5 поминува низ Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Режимските сили кои почнувајќи од главниот град Дамаск целосно ја воспоставија контролата над источниот дел на патот кој ги поврзува градовите Хама, Хомс, Идлиб и Алепо, воедно се обидуваат да ги оддалечат одовде воените опозиционери кои се наоѓаат веднаш на запад на оддаелеченост од само неколку стотина метри.

Поради тоа што воените опозиционери сѐ уште се наоѓаат многу блиску до патот, режимските сили не можат да ја воспостават целосно контролата над патот.



Слични вести