О'Брајан: Продолжуваме да велиме силно дека треба да сопре масакрот врз цивилите во Сирија

Советникот за национална безбедност на САД во Белата куќа Роберт О'Брајан информира дека ќе продолжат силно да го истакнуваат тоа дека треба да сопре масакрот врз цивилите во Сирија.

1357838
О'Брајан: Продолжуваме да велиме силно дека треба да сопре масакрот врз цивилите во Сирија

Советникот за национална безбедност на САД во Белата куќа Роберт О'Брајан на панелот што се одржа во тинк-тенк здружението „Атлантик Консил“ даде изјави во врска со политиката на САД во Идлиб и Сирија.

О'Брајан информира дека ќе продолжат силно да го истакнуваат тоа дека треба да сопре масакрот врз цивилите во Сирија.

Велејќи дека заедно со режимот на Бешар Асад, ѝ Русија, ѝ Иран ги напаѓаат турските војници и елементите кои работат заедно со Турција во подрачјето на Идлиб, О'Брајан рече: „Ќе продолжиме со висок глас силно да велиме дека треба да сопре масакрот врз цивилите во Сирија, меѓутоа не мислам дека ќе интервенираме воено во Идлиб.“

Роберт О'Брајан напомена дека САД водат обиди за решение во правец на мирот во Сирија и во Идлиб и дека ќе го продолжат овој свој обид, а воедно додаде дека ситуацијата во Идлиб е многу лоша и дека Асад и Иранците се многу лоши актери.

Советникот за национална безбедност на САД во Белата куќа Роберт О'Брајан во својот говор ја изнесе и следната констатација: „Меѓутоа ние не сме во позиција да ги сопреме сите лоши акции на Русите, Иранците или на Асад. Не постои нешто волшебно со коешто ќе се стави крај на тамошната лоша состојба.“



Слични вести